Актуелно

Седумчлено семејство со пет деца загина во пожар во Русија

Седумчлено семејство со пет деца загина во пожар во куќа во руската република Башкирија, јавуваат руските агенции.

Пожарот зафатил двокатна дрвена куќа, соопштија од итните служби, пренесува Интерфакс.

Од пожарот се спасени две деца.

Таткото успеал да ги спаси, а потоа се обидел да ги спаси и другите, но не можел да излезе од запалената куќа и починал.

При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.

Според првичните податоци, причина за пожарот може да биде краток спој или невнимателно ракување со оган.

Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.

На почеток