„Мора да се исполнат барањата на Русија“, вели турски министер


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека барањата на Русија мора да се исполнат за житото да стигне до оние на кои им е потребно.
Коментирајќи го договорот што беше постигнат вчера, за продолжување на испораката на жито преку Црното Море, Чавушоглу појасни дека барањата на Русија мора да се исполнат за да се обезбеди пристап до храна за оние на кои им е потребна, пренесе Анадолија.
„Турција не ја брани Русија, но е свесна дека ова е договор во кој мора да се исполнат барањата на Русија за житото да стигне до оние на кои им е потребно“, рече Чавушоглу на прес-конференција.
Тој рече дека се надева оти ќе има прекин на огнот и прекин на војната меѓу Русија и Украина, преку дипломатски преговори, така што повеќе нема да има потреба од продолжување на договорот за снабдување со жито.
Договорот за црноморскиот коридор за жито беше продолжен за 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.
