Свет

Силен земјотрес го погоди Крит

Силен земјотрес рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, но нема извештаи за материјална штета, јавува Ројтерс.

Земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Атинскиот геодинамички институт, а бил почувствуван дури и во Каиро, Египет.

Земјотресот бил на длабочина од 80 километри, соопшти ЕМСЦ.

Засега нема информации за материјална штета и евентуални повредени.

На почеток