Земјотрес со јачина од 4,3 степени го стресе Крит
Од
Објавено на
Земјотрес силен 4,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди грчкиот остров Крит.
Информацијата ја соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 07:24 часот по локално време, на длабочина од 14 километри.
Земјотресот е регистриран на 60 километри североисточно од Ираклион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.