„Дивјачки акции на режимот во Киев“, вели Захарова
Нема објаснување или оправдување за претресите во киевско-печерската лавра, тоа е нова форма на неморал на режимот во Киев, изјави Марија Захарова.
Портпаролката на МНР истакна дека тоа „толку добро се вклопува во логиката на дејствувањето на режимот во Киев што се чини дека сликата не би била целосна без овој дел“.
„Ова е уште еден елемент, кој сосема природно припаѓа на апсолутно аморалните, варварски постапки на режимот во Киев“, додаде Захарова.
Вчера, СБУ изврши претрес на територијата на киевско-печерската лавра.
Во соопштението се наведува дека биле извршени контраразузнавачки активности. Руската православна црква овие постапки на СБУ ги нарече – заплашување.
Киевската Печерска Лавра е најстариот манастир во денешна Украина и еден од првите манастири на Киевска Русија. Се наоѓа на листата на УНЕСКО. Основана е во 11 век. Во моментов, површината на територијата на Лавра надминува 20 хектари.