Актуелно

Меркел: За Путин е важна само моќта

Меркел откри; Тоа беше планирано – со Путин. Уште една година пред војната
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за „Шпигел“ потврди дека планирала преговори со Путин една година пред почетокот на војната во Украина.

Сепак, таа се откажа од таа идеја бидејќи не гледаше можност да влијае врз рускиот претседател на крајот од нејзиниот мандат.

Меркел рече дека во 2021 година, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, сакала да го покани Путин на разговори што треба да се одржат во рамките на Европскиот совет.

„Но, повеќе немав сила да ја протуркам идејата бидејќи сите знаеја дека заминувам наесен“, велие таа, според Ројтерс.

Да потсетиме дека Меркел се повлече од политиката по германските избори во септември 2021 година, по 16 години на власт. Во декември таа официјално му ја предаде функцијата на канцеларот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија.

Во интервјуто таа се осврна и на нејзината проштална посета на Москва во август минатата година.

„Чувството беше многу јасно за политиката на моќ – завршив, за Путин е важна само моќта“, рече Меркел, која течно зборува руски.

Таа призна дека нејзината влада не постигнала задоволителен напредок не само во Украина, туку и во конфликтите во Молдавија, Грузија, Сирија и Либија. Таа заклучи дека е време Германија да го промени својот надворешнополитички пристап.

На почеток