Путин предупреди: Ќе има последици
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта.
За време на телефонскиот разговор тој разговарал за ова со Мухамед Шија ал Судани, новиот ирачки премиер, соопшти Кремљ, пренесува државната новинска агенција ТАСС.
Агенцијата го цитира Кремљ дека Путин му рекол на Судан дека „ограничувањето на цената ќе има сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“, пренесува Ројтерс.
„Се разговараше за обидите на голем број западни земји да воведат ограничувања на цената на суровата нафта од Русија“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Владимир Путин нагласи дека таквите активности се спротивни на принципите на пазарните односи и постои голема веројатност тоа да доведе до сериозни последици за глобалниот енергетски пазар.
Европската унија и САД ги засилија напорите за постигнување договор за тоа како да се постави ограничување на цената за нивниот увоз на руска нафта.
Русија и Ирак се и главни производители на нафта и членки на договорот ОПЕК +.