Актуелно

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа десет лица

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Ксинџијанг.

Според нив, причина за пожарот, кој избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен дистрибутер, пренесува Ројтерс.

Девет повредени се задржани во болница поради труење со чад, но нивните животи се надвор од животна опасност, јави ЦТВ.

Ова е втор фатален пожар во Кина во изминатите неколку дена.

Во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг оваа недела загинаа 38 луѓе.

На почеток