Коментари

„Хара доста сериозен стомачен вирус“, д-р Трајковски со препораки до граѓаните

„Хара доста сериозен стомачен вирус“, вели д-р Бојан Трајковски од Ординацијата по општа медицина „Медика Вера“.

„Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми!

Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.

Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.

Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники“, вели тој.

На почеток