Коментари

Поранешен министер до Ковачевски: Оди во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски преку социјалните мрежи му се обрати на актуелниот премиер Димитар Ковачевски. Тој во својата објава вели дека премиерот треба жителите на Арачиново да ги учи како да штедат струја оти тие за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја

„Таче алабакот

Овој Таче не учи како да се штеди струја!
Оди бре ќелаш во Арачиново и учи ги твоите пајташи кои за 474% ја зголемиле потрошувачката на струја!?
Ја платија ли?
Какви мерки презеде за кражба на струја во Арачиново од 6 милиони евра?
Колку кривични пријави се поднесени?
Колку крадци на струја се казнети?
Николку
Го штитиш коалициониот партнер ДУИ, да не ти излезе од владата, а…
Не се секирај.
Тие не излегуваат од влада и со стап да ги бркаш.
Каде ќе најдат ваков башибозлуг да прават што сакаат.
Без никаква одговорност.
До кога….“, вели тој.

На почеток