Актуелно

Путин се согласи на состанок што долго време го одбиваше

Рускиот претседател Владимир Путин во петок ќе се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина, објави Кремљ.

Според САД, војната во Украина убила и ранила десетици илјади војници од двете страни. Стотици илјади руски војници се испратени да се борат во Украина, вклучително и повеќе од 300.000 резервисти повикани како дел од мобилизацијата што Путин ја најави во септември.

„Пред Денот на мајката, кој се слави во Русија во последната недела од ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјална воена операција. Путин ќе се сретне и со мајките на резервистите кои се повикани да се борат, како и со мајките на професионалните војници“, се вели во соопштението на Кремљ.

Украина не ги објавува своите воени загуби.

Русија последен пат јавно ги објави своите загуби на 21 септември, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека загинале 5.937 руски војници. Но, тој број е далеку помал од меѓународните проценки.

Највисокиот американски генерал на 9 ноември процени дека Русија и Украина имаат повеќе од 100.000 мртви или ранети војници.

На почеток