Коментари

Најчевска за ослободувањето на Мијалков: Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат

Мирјана Најчевска, професорка по право, ја искоментира одлуката на Апелација да го ослободи ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.

„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои Скопје 2014, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша таа.

Најчевска додава:

„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето.
Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“.

На почеток