Македонија

Мицкоски: Заев да не мисли дека молам бога да не ги добијам изборите и во понеделник да го распушти Собранието

Мицкоски на денешнате прес-конференција го повика премиерот Зоран Заев уште во понеделник да се распушти Собранието и да се формира техничка влада, па заедно со претседателските избори да се одржат и вонредни парламентарни.

„Денес од засрамениот Заев слушнавме две тези: дека се крие позади одлуките на партијата и позади анкетите кои покажувале сигурно водство и дека на секој политичар добредојдени ќе му бидат нови 4 години мандат. Но вистината е следна, ако е така ајде во понеделник да го распуштиме Собранието и да организираме фер изборен циклус и заедно со претседателските избори да одржиме вонреди парламентарни избори во Македонија. Па да видиме дали Зоран Заев ќе победи или народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе победи на тие избори“, изјави Мицкоски.

Исто така тој изјави дека не се плаши и ја користи оваа прилика да го повика да не мисли дека моли бога да не ги добие изборите.

„Еве веднаш одлучно му велам ајде да го распуштиме парламентот имате доволно време во органите на партијата да донесете одлука. Има доволно време да се подготват тие избори, да се формира техничка влада и заедно со претседателските избори да имаме вонредни парламентарни избори. И тогаш да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на Македонија. Не бараме избори затоа што сакаме ние да бидеме на влст, туку Македонија да престане да губи и Зоран Заев да ја напушти политичката сцена во Македонија“, вели Мицкоски.

На почеток