Лукаревска: И оваа исклучително специфична година како тим, високопрофесионално ја обезбедивме приходната страна на Буџетот
„И оваа исклучително специфична година како тим, високопрофесионално ја обезбедивме приходната страна на Буџетот“ вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
Таа додаде:
„Приходи од граѓаните за граѓаните, од стопанството за стопанствениците, за реализација на капитални проекти, за нови градинки и училишта, за подобра инфраструктура, за здравството, образованието, културата, за економијата за развој на општеството.
Продолжете да бидете пример како се сака татковината, како граѓани одговорно, партнерски да ги јакнеме и осовременуваме даночните услуги, да создадеме услови за развој, и заедно со даночните обврзници да бидеме во тренд со меѓународните стандарди.
Чесноста, посветеноста, професионалноста нека бидат заштитен знак за сите вработени. Нека е честит денот на даночните работници Св Матеј“.