Актуелно

Апсења, дрога, прегазен пешак – Македонија во 24 часа

На 02.12.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето биле задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.12.2022 во 11.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Т.(73) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 02.12.2022 во 12.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково. При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2022 во 01.50 часот на ул.„Пушкинова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.12.2022 во 22.40 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Ф.(39) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблетки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.12.2022 во 11.30 часот во Блок 82 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(18) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.12.2022 во 00.30 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишник од с.Визбегово, затоа што кај него бил пронајден нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила. Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас…

Во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, а две возила се исклучени од сообраќај.

На 02.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Борка Талески“ со ул.„3 Ноември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Р.Д.(56) од Прилеп и мотоцикл, управуван од Р.З.(59) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп.

На 02.12.2022 во 10.25 часот во Полициската станица Македонски Брод, С.П.(40) од Битола, со живеалиште во с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

На 02.12.2022 околу 10.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Блаже Коневски“ во Радовиш, патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.П.(62) од Радовиш, удрило во пешакот Т.К.(66) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.К., констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Радовиш.

На 02.12.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник.

На 02.12.2022 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(75) од Штип, удрило во пешакот К.М.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 02.12.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ј.К.(42) од с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

На почеток