Скопје

Судовите сосе затворите и факултетите ќе може да паднат во мрак

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја.

ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.

Сега министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.

Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја. Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.

На почеток