Скопје

Мртов и искасапен од кучиња е пронајден скопјанецот по кого месец и половина се трагаше во скопско Орман

По два месеци трагање, вчера соселанец го нашол телото на исчезнатиот маж по кој се трагаше скоро месец и половина. Според сознанија на „Скопје1“, телото било искасапено и од кучиња, кои се улични во селото. Од МВР излегоа со кратка информација.

„На 03.12.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице. Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, посочуваат од МВР.

Семејството трагаше по старецот, организираше акции, но не успеа да го пронајде. Според нивното сведоштво, излегол да фрли ѓубре пред дворот и не се вратил. Се пребаруваше и реката Лепенец, но залудно.

На почеток