Македонија

Весна Дамева од член на правната комисија на СДСМ стана претседател на Судски совет

Весна Дамева, поранешен стручен соработник во Кривичниот суд и поранешен член на правната комисија на СДСМ стана претседател на Судскиот совет со 10 гласа „за“ и 1 „против“ кој го доби од Лорета Горгиева. Дамева, во јавноста е познат како партиски кадар поради нејзиното членување во комисијата на СДСМ, но кога ја избраа, ветуваше дека ќе го реформира судството.

„И по две години, ќе бидете горди на ова гласање. Благодарност до медиумите, вие сте двигател. Голем предизвик е за мене, со реформите во тек, да бидам на чело на оваа институција која мора да се издигне на нивото кое го заслужува. Јас заедно со колегите, ќе го понесеме главниот товар и ќе го напреднеме судството согласно насоките од ЕУ и да има голем успех ако работиме заедно“, кажа Дамева.

И покрај тоа што излегува од редовите на СДСМ и тоа во време кога има жестоки критики за партизација и коруптивност во правосудството, колегите ја претставија како личност со интегритет.

„Весна Дамева е избрана од Собранието на Северна Македонија, функцијата во Судски совет ја извршува посветено, има позитивен допринос, сметам дека е личност со интегритет, таа ќе го подигне интегритетот и довербата на судиите во Советот, како и перцепцијата на граѓаните“, кажа членот на Судскиот совет.

На почеток