Актуелно

Прекини на електричната енергија низ цела Украина по руските напади

По вчерашниот масовен напад на руските сили врз инфраструктурни објекти во Украина, вонредни прекини на електричната енергија се на сила низ целата земја.

Оваа информација ја објави украинската национална компанија Укренерго.

Беше наведено дека поради последиците од нападот, некои електрани извесно време нема да можат да работат со полн капацитет и дека, заедно со ниските температури во наредните денови, ќе доведе до зголемување на дефицитот на електрична енергија во системот, пренесува Укринформ.

Надлежните служби работат на повторно воспоставување на снабдувањето, а струја првенствено ќе се снабдуваат болниците, водоводот и топланите.

На почеток