Актуелно

САД: Не ѝ помагаме на Украина да изврши напади во Русија

Американските власти соопштија дека не ја охрабруваат Украина да изврши напади во Русија по нападот од беспилотни летала за кои се верува дека се украински беспилотни летала.

Од тие беспилотни летала биле погодени руските воени воздушни бази, кои се наоѓаат на територијата на Русија.

„Ние не ја охрабруваме и не ѝ помагаме на Украина да изврши напади во Русија. Но, мора да се разбере дека Украинците секојдневно живеат со руска агресија која продолжува“, изјави доцна синоќа шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

Според него, САД, со помош на други партнери ширум светот, и обезбедуваат на Украина опрема за „одбрана на нејзината територија и нејзината слобода“.

Експертите веруваат дека Украина влегла во рускиот воздушен простор со дронови од советската ера. Тие потсетуваат дека Киев има и модерни беспилотни летала, а ги добил како дел од воената помош од западните сили вредна милијарди долари откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Руските власти соопштија дека три лица загинале, а два авиони биле оштетени за време на нападот врз базите на нивна територија.

На почеток