Актуелно

Лукаревска ја призна неспособноста, незнаењето и некоординираноста на власта на Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателката на СДС, Сања Лукаревска си ја отвори душата и во интервју призна дека неспособни и неодговорни кадри на СДС и ДУИ ја водат власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Таа потврди дека институциите не постапуваат по своите овластувања и тоа е причината поради која Македонија тоне во беззаконие.

Лукаревска призна дека сивата економија во Македонија е поголема од сивата економија во Албанија и Косово.

Лукаревска потврди дека прогресивното оданочување власта на Ковачевски го терале на сила и со грешки, па дури и самата таа била изненадена од прес со кој се најавува прогресивен данок.

Лукаревска потврди дека опозицијата дава предлози и решенија кои се применливи и можат да дадат резултат во време на криза.

Интервјуто на Сања Лукаревска ја разголи целата некомпетентност и некадарност на власта на Ковачевски. За жал нивното незнаење, неспособност и некоординираност народот скапо го плаќа.

Поради нив народот се гуши во сиромаштија и се соочуваме со највисоки стапки на инфлација во Европа. Поради нив десетици илјади компании затворија во период од година и пол, што влијаеше врз економската активност. Затоа прогнозите за Македонија се дека ќе заврши со најмал раст на БДП во Европа. Впрочем заради нефункционалноста на државата и високиот степен на корупција во широк лак не избегнуваат странските инвеститори и сме на дното по СДИ во регионот, двојно па и тројно послаби од Косово, Албанија и Србија.

Народот го гледа ова и за жал го чувствува на свој грб. Затоа оваа неспособна и криминална власт ќе биде казнета на избори кои мора да се случат час поскоро“, се вели во соопштението.

На почеток