Повлечи-потегни: Нов обид да се суди на директорите за пожарот во тетовската болница


За денеска во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица.
Судијата Јордан Велковски на 8 ноември судењето го одложи за 7 декември во 10 часот затоа што еден од обвинетите немаше адвокат бранител. По десетмесечната истрага почетокот на судењето беше закажано за 6 септември 2022 па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите. На 14 октомври беше одложено 8 ноември поради тоа што двајца од обвинетите немаа адвокати.
Обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице.
