Актуелно

За блокадите: Нема солидарност, така се станува плен на државната мафија

Професорката Мирјана Најчевска ги коментираше блокадите во Скопје. Таа посочува како граѓаните стануваат плен на мафијата.

Нејзината објава во целост:

Ова со реакциите на различни демонстрации и блокирање на улици многу ме потсетува на ситуација пред каса кога некој се буни затоа што е измамен, а тие што чекаат зад него се бунат што ги задржува.
Некако имам впечаток дека е избришан било кој облик на солидарност меѓу граѓаните.
Излегуваат да протестираат излажаните од извршители – нема солидарност.
Излегуваат лекари – нема солидарност.
Излегуваат полицајци – нема солидарност.
Излегуваат текстилци – нема солидарност.
Излегуваат наставници – нема солидарност.
Излегуваат земјоделци – нема солидарност.
Секој си гледа во своето мало ограничено кругче.
Ете така граѓаните стануваа плен на државната мафија.

На почеток