Руската армија одржува вежби во Белорусија
Од
Објавено на
Руската армија учествува на тактички вежби во Белорусија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Белорусија соопшти дека нема да влезе во војната во Украина, но претседателот Александар Лукашенко во минатото нареди војници да се распоредат со руските сили во близина на украинската граница.
„Припадниците на Западниот воен округ продолжуваат со интензивна борбена обука на полигоните за обука на вооружените сили на Република Белорусија. Припадниците пукаат од сите видови пешадиско оружје, како и од минофрлачи, ја подобруваат контролата врз борбените возила итн.“, наведува Министерството за одбрана.