Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава, соопшти агенцијата за геофизика на земјата.
Земјотресот, чиј епицентар бил на 22 километри од градот Сукабуми, немал потенцијал да предизвика цунами, соопшти агенцијата.
Земјотресот се случил на длабочина од 104 километри, јавува Ројтерс.
На снимките објавени од локалната телевизија се гледа како граѓаните бегаат од своите домови во Сукабуми по земјотресот. Според Ројтерс, земјотресот бил почувствуван и во главниот град Џакарта и околните области.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета, но Агенцијата за ублажување на катастрофи се уште ја проценува ситуацијата, изјави претставникот на агенцијата Абдул Михари. Повеќе од 300 луѓе загинаа во ноември кога земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер го погоди градот Сианџур во Западна Јава.