Експлозии во Русија
Едно лице загина во голем пожар што избувна во трговски центар во Подмосковље, пренесува РИА Новоси, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
Агенцијата наведува дека пожарот е локализиран на површина од 7.000 метри квадратни.
Пожар избувна утрово во продавницата ОБИ во трговскиот центар Мега Химки во Московскиот регион. Според извештаите, се слушнале експлозии, а биле вклучени и лименки со боја и лакови. Агенцијата Интерфакс наведува дека од службите за итни случаи ѝ било кажано дека се разгледуваат различни верзии за причината за пожарот, вклучително и краток спој и подметнување пожар.
Точната причина за пожарот ќе се знае по истрагата што ќе следи по гаснењето на пожарот, пренесува ТАСС.