Свет

Му се суди на поранешниот претседател на Перу

Поранешниот претседател на Перу Педро Кастиљо се појави пред судот по неуспешниот обид за распуштање на парламентот.

Неговата наследничка Дина Болуарте бара начини да ја обедини земјата околу институциите чиј углед е нарушен од корупција и недоверба.

Во своето прво појавување на суд вчера, Кастиљо се појави вознемирено и даде едноставни одговори со „да“ или „не“ на прашања поврзани со обвинението што го товари за бунт, објави АП. Соединетите држави го осудија обидот на поранешниот перуански претседател да обезбеди уште посилна позицијата на власт, бидејќи неговите постапки беа незаконски, па дури и неговите левичарски сојузници во регионот одбија да застанат на страната на Кастиљо. Кастиљо ја загуби власта за само три турбулентни часа, откако се обиде да го распушти Конгресот со декрет.

Тогаш ова тело гласало за негово отстранување, а полицијата набрзо го привела.

На почеток