Свет

Перу му нареди на амбасадорот на Мексико да ја напушти земјата во рок од 72 часа

Перу му нареди на амбасадорот на Мексико да ја напушти земјата во рок од 72 часа, откако Мексико му даде азил на семејството на неодамна соборениот претседател Педро Кастиљо.

Кастиљо беше отповикан претходно овој месец кога се обиде да го распушти парламентот и е под истрага под обвинение за бунт и заговор, а моментално е во притвор.

Мексико, сепак, го поддржа сменетиот претседател и претходно објави дека размислува да му даде азил. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја нарече смената на Касиљо „недемократска“.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард изјави во вторникот дека мексиканската влада преговарала за безбедно поминување на семејството на Кастиљо, кое се наоѓа во мексиканската амбасада во Лима.

Перуанската министерка за надворешни работи Ана Сесилија Херваси рече дека е обезбеден безбеден премин за неговото семејство.

Сепак, одлуката на Мексико да му даде азил предизвика бес во Перу, а мексиканскиот амбасадор Пабло Монрој беше прогласен за „персона нон грата“.

Министерството за надворешни работи на Перу на социјалните мрежи соопшти дека го протерува Монтрој поради неговите „чести изјави за политичката ситуација во Перу“.

Нов претседател на Перу е Дина Буларте, која беше негова заменичка.

На почеток