Свет

Земјотрес во Америка: Има загинати и повредени, прогласена вонредна состојба

Најмалку две лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди северна Калифорнија.

Најмалку десет лица се повредени, пренесе АП.

Земјотресот оштети куќи и патишта, ги прекина комуналните линии и остави неколку илјади жители од областа во близина на градот Рио Дел без вода и струја.

Земјотресот се случил на околу 350 километри северно од Сан Франциско, а после тоа биле забележани 80 последователни потреси.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусам прогласи вонредна состојба во округот Хумболт, кој беше најтешко погоден од земјотресот.

Њусам им нареди на државните агенции и служби да преземат соодветни мерки за да се обезбеди потребната помош на локалната заедница.

На почеток