Пронајдени изгорени тела на три млади момчиња близу бугарско-српската граница


Изгорени тела на тројца млади момчиња се пронајдени во општина Трун. Ова се случи во шумска област во близина на бугарско-српската граница, меѓу селата Рани луг и Насалевци.
Според bTV, станува збор за млади на возраст од 18, 22 и 26 години. Братот на едно од момчињата ги откри телата на загинатите. Тој вчера нешто по 13 часот поднел пријава во полиција.
Извршен е увид на местото на настанот, а телата се испратени на обдукција во Судска медицина во Софија.
Според првичните податоци, тројцата биле собирачи на тартуфи.Главната верзија на која работат истражителите е пожар во автомобилот со кој патувале. Тројцата мажи веројатно спиеле во тоа време.
