Свет

(ВИДЕО) Зеленски е на пат за САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку потврди дека е на пат за САД, во неговата прва странска посета од избувнувањето на војната пред 300 дена.

Зеленски се огласи на Твитер.

„На пат кон САД за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, Бајден и јас ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а ќе имам и говор во Конгресот и серија билатерални состаноци“, напиша Зеленски.

Дека Зеленски денеска ќе го посети Вашингтон, утринава потврди и американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден во изјавата рече дека Зеленски ќе оди во Белата куќа пред да се обрати на заедничката седница на Конгресот „на која ќе покаже силна, двопартиска поддршка за Украина“.

Во вторникот во Бахмут, украински војник му подари на претседателот Володимир Зеленски знаме, потпишано од војниците на фронтот, како подарок за американскиот претседател Џо Бајден и американскиот Конгрес, за да им се заблагодари за оружјето што го испратија во нивната земја.

Неименуван војник беше снимен во вторникот во Бахмут како му го предава знамето на Зеленски, велејќи дека тоа е подарок „за нашите браќа во САД“.

„Ве молам предадете им го знамето, благодарам“, му рекол војникот на Зеленски.

На почеток