Актуелно

Заврши заложничката криза: Ослободени 150 туристи

Група домородци од Перу ослободи околу 150 туристи кои ги држеле во заробеништво.

Туристите се заробени од 10 часот по локално време на 3 ноември и беа киднапирани поради домородните протести против перуанската влада кои следеа по 40 излевања на нафта во областа, изјавија водачите на локалната заедница Кунинико за перуанските медиуми.

Членовите на домородната група Кунинико од провинцијата Лорето во амазонската прашума во Перу држеле заробени туристи, меѓу кои и американски и британски државјани, со цел да се подигне свеста за излевањето нафта во локалната река.

Независната канцеларија на јавниот бранител на Перу преку објава на Твитер објави дека по дијалогот со нив, претставниците на заедницата Кунинико го прифатиле барањето луѓето да бидат ослободени.

Меѓу киднапираните наводно имало и трудница, едномесечно бебе и неколку постари лица.

На почеток