Повлекувањето на Ленин Јовановски е само порѕирна игра на Христијан Мицкоски, вели Кузеска
„Повлекувањето на Ленин Јовановски е само порѕирна игра на Христијан Мицкоски и негов обид да се испере од одговорност за блокадите што ги прави“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додава:
Заради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници, Скопје со денови е блокиран град, граѓаните се без јавен превоз и имаат проблем при нормалното функционирање.
Сета одговорност за хаосот што му се случува на Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Од градоначалничката која беше поддржувана и промовирана од Мицкоски па се до претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори.
ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години ја држеше Македонија во заложништво.
Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што токму тие го создадоа.
Граѓаните не заслужуваат да ја плаќаат цената за нивните кавги за тендери и провизии.
Скопје не смее да страда поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски.