Македонија

Ковачевски на лидерскиот самит: ЕУ да не дозволи нови блокади, очекувам интеграција да се базирана на исполнети критериуми

Унијата не смее да дозволи нови блокади. Очекувам од ЕУ да го следи напредокот на мојата земја и придонесот што го дава и да не дозволува уцени од никого. Ајде да зборуваме за критериумите и нивното исполнување. Затоа што кредибилитетот на ЕУ на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија. Ако се изгуби тој кредибилитет, ЕУ ризикува да го изгуби целиот регион, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на денешниот лидерски самит во Виена организиран од Групата на социјалисти и демократи (Socialists & Democrats) во Европскиот парламент

Прашањето за проширувањето на ЕУ повеќе не е само прашање на проширување, тоа е и геостратешко и безбедносно прашање. Оваа војна, меѓу другото, докажа дека за Европа да биде безбеден и силен континент, на ЕУ и треба мирен и интегриран регион на Западен Балкан.
Прашањето за проширување повеќе не е само прашање на проширување, тоа е и геостратешко и безбедносно прашање, додаде Ковачевски.

-Затоа работевме посветено на влезот во ЕУ и работевме на тоа да го добиеме најдобриот можен предлог од ЕУ во кој ќе бидат вградени нашите позиции и на 19 јули ги започнавме долгоочекуваните преговори со ЕУ. Во тој процес го обезбедивме македонскиот јазик во Европската унија, го заштитивме македонскиот идентитет еднаш засекогаш. Оттогаш го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, кој докажа дека ЕУ е кредибилен партнер и ги исполнува своите ветувања, потенцираше Ковачевски.

Обезбедивме дека процесот на скрининг ќе се заснова на заслуги и ние како земја сме подготвени да ги преземеме следните предизвици што ќе не доближат до исполнување на нашата стратешка цел – полноправно ветено членство во ЕУ, додаде претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски во обраќањето пред лидерите.

-Нашата напорна работа за членство во ЕУ не е само заради самото членство. Тоа е наше ветување за општество кое живее според европските вредности, општество со подобар образовен, социјален и здравствен систем, земја со просперитетна економија, подобар животен стандард, побогати граѓани, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Лидерски самит во Виена е организиран од Групата на социјалисти и демократи (Socialists & Democrats) во Европскиот парламент а во партиската делегација на СДСМ учествуваат и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ.

На почеток