Скопје

Можно е Скопје да биде одблокирано, „Слобода превоз“ со нов план

Приватните превозници утрово најавија дека е можно Скопје да биде одблокирано, а протестите да се префрлат само пред бараките на Град Скопје оти како што велат, бесот е кон градоначалниката Данела Арсовска.

„Бесот се` повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбата, а тоа е управата на Град Скопје. Се стеснува кругот и на виделина излегува кој е крив за оваа ситуација и затоа е можно фокусот на протестите и блокадите да биде само пред Град Скопје“, рече Кемал Муриќ, раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“.

Денеска е четврти ден како клучни раскрсници во Скопје се блокирани од страна на приватните превозници со 200 автобуси. Превозниците велат додека не добијат барем дел од долгот од 1,5 милион евра нема да се повлечат.

Градоначалничката Данела Арсовска, пак, јавно на седница на Советот изјави дека нема намера да им го плати долгот на приватниците, им рече да ја тужат и четири дена откако Скопје е парализирано не се појавува во јавност туку се крие и не одговара ниту на новинарските повици и пораки.

На почеток