Коментари

Приватните превозници добија идеја како да се начекаат со Данела очи во очи

Ексдиректорот на Зоолошката градина, Ѓорги Галетановски му даде идеја на Ленин Јовановски кој е прв човек на „Слобода превоз“ во заминување, како да ги постават блокадите на „Илинденска“ каде се канцелариите на градоначалничката Данела Арсовска.

„Ленин Јовановски кажи им нека ги стават аутобусите од влезот кај Зоо до фонтана за да не може на работа госпоѓата да дојде со кола,друго е пешки кога ќе помине па у очи кога ќе ги погледне ќе мора да им плати. Малце по добро да ве зборат многу ве вреѓаат веќе ги тероризирате џабе граѓаниве“, напиша Галетановски.

Од утре, блокадите кои се низ цело Скопје, се префрлаат само пред бараките на Град Скопје.

На почеток