Актуелно

Не и кажале на данела дека ќе дојде денот да оди до продавница по јогурт ко цивил, ја потсети Јоци

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци, која е и поранешен новинар, одново ја искоментира состојбата во Град Скопје. Овојпат, на тапет е тоа што градот паѓа во сивило, наместо да е со новогодишни украси.

„Секој 15-ти декември Скопје е веќе украсено и со новогодишна елка. Утре сме 9-ти декември, а Данела уште не одржала прес да каже било што на темава. Страшно!

Има некои десет души околу неа ја убедуваат секој ден дека си гази и дека вака треба. Изгледа не и` кажале дека ќе дојде денот кога ќе треба да оди до продавница по јогурт како цивил. А, ќе дојде денот и кога истите десет ќе и` кажат дека имаат нешто работа и ќе се вратат за 15 мин., пред да испарат засекогаш“, напиша Јоци..

На почеток