Романски министер и врачи протестна нота на австриската амбасадорка


Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, ја покани амбасадорката на Австрија во Букурешт, Аделхајд Фоли.
Тој и врачил протестна нота „поради нефер и непријателски однос на Австрија“ во врска со приемот на Романија во Шенген.
Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи. Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Немер, според кои романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во таа земја.
„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, велат од Министерството за надворешни работи на Романија.
