Актуелно

Русија воведе санкции за канадски граѓани

Русија воведе санкции за канадски граѓани, соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Како одговор на личните санкции наметнати од официјална Отава против руски функционери, воен персонал, судии, службеници за спроведување на законот и јавни личности, влезот во Русија е забранет за 200 канадски граѓани врз основа на реципроцитет“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Меѓу санкционираните има и политичари, но и активисти на бројни невладини организации.

„Меѓу нив има високи функционери, пензионирани и актуелни парламентарци, полицајци, претставници на професионални кругови, како и активисти на бројни пробандерски структури и организации кои директно му служат на русофобниот курс на режимот на Џастин Трудо“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

На почеток