Македонија

Мицкоски се закани: Знам кои ги вози возилата вредни над 100.000 евра, за уши ќе ги извадиме кога ќе дојдеме на власт

Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ако дојдат на власт можат да се изборат со корупцијата.

„Царина, МВР, УЈП. Само да испитаме сопствениците на луксузни возила. Да се видат приходите кој го пријавуваат и од каде им се парите. И второ, Катастар и УЈП да видиме кои се сопственици на луксузни апартмани и станови и во УЈП да провериме колку данок плаќаат“, вели тој.

Според него, не требаат закони, зошто има важечки закон за ова да се испита.

„Просто и единставно е, не треба да лутаме. Во Скопје јас вчера видов неколку луксузни возила, секое од нив над 100.000 евра. Точно знам кои се сопственици на тие возила. Знам во кои приградски населби и општини се паркираат тие возила. Знам во кои куќи се паркираат“, додаде тој.

Прашан зошто не ги објави со име и презиме рече: Има институции во државата. Кога ние ќе раководиме со тие институции ќе ги објавиме и ќе ги извадиме за уши од таму. И ќе ги конфискуваме“.

На почеток