Актуелно

Мицкоски упати јавна порака до Арсовска

Јас од оваа Влада не очекувам ништо. Ова е ставот на Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја опиша Владата како злобна. Им порача на сите што имаат очекувања, наскоро ќе ја немаат. Упати порака и до Данела Арсовска градоначалничка на Скопје и Димитар Ковачевски, премиер на Македонија.

„Кога ќе се среќаваат тајно, наместо да договараат провизии од ЈСП, да најдат начин да го решат проблемот. Да го решат проблемот, бидејќи скопјани се жртви на оваа пинг-понг коалиција. Јавно ги замолувам, да договорат тајна, јавна каква сакаат средба, за државата да обезбеди пари и да се исплатат на приватните привозници или наместо парите да завршуваат до луѓе кои се блиски до СДСМ, роднини на Арсовска или луѓе од сметководствениот бизнис, од рабатот за нафта кој го набавува ЈСП да завршат во ЈСП и од таму да се исплатат приватните превозници“, рече Мицкоски.

На почеток