Актуелно

Почина професорката Анета Бучковска, екссопруга на Владо Бучковски

Факулетот за електротехника и информатички технологии денеска соопшти дека почина проф. д-р Анета Бучковска.

„Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските“, напишаа на Фејсбук од ФЕИТ.

Оттам додаваат дека Факулетот за електротехника и информатички технологии во следниот период ќе организира комеморативна седница.

Проф. д-р Анета Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер, Владо Бучковски.

На почеток