Актуелно

Променливо облачно со повремен локален слаб дожд

Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје исто така променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.

Во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно време, но со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.

Температурите ќе бидат во опаѓање, а заладување ќе има во северните делови на земјата и на планините, каде се очекуваат и минусни температури

На почеток