(ФОТО) Скопска мизерија


Сјајот и бедата на урбаниот скопски живот на само неколку километри од центарот на главниот град наспроти бронзата и мермерите, се случува вистинска хуманитарна мизерија. Ова е сликата што ќе ве затекне во некогашниот дом „Ранка Милановиќ“ во Скопје. Деца во отпадот, искршени прозорци, стаорци низ дворот, ужасна реа, во овие услови живеат околу стотина бездомници во напуштената установа.
Статус на темата има и Горјан Јовановски – советник во Град Скопје од Зелен Хуман Град. Тој вели:
По неколку пријави од граѓани, и наш член денес помина покрај заводот за згрижување и воспитување на деца и младинци “Ранка Милановиќ” спроти Бриколаж.
Очигледно е дека се гори отпад и гуми во рамки на комплексот, а нашиот член и вербално е нападнат од луѓето таму кога се обиде да види поблиску што се случува.
Го контактиравме Инспекторатот на Град Скопје (02 3297 231) од каде добивме информација дека ќе испратат инспектори. Се обидовме да стапиме во контакт и со Инспекторатот на Општина Гази Баба, но поради крај на работното време во 16ч, никој не крена на телефон.
