Актуелно

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид: Ќе им отвориме уште 20!

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, гостуваше во емисија на Бугарската национална телевизија БНТ.

-Европската интеграција е единствената опција за залечување на раните од минатото. Во случајот со Северна Македонија, имаме сличен случај. Мора да продолжиме причините за поврзување да ни бидат доминантни во секојдневниот живот, изјави Врабевски во интервјуото.

-За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи-изјави тој.

Финансиерот на клубовите беше гостин во емисијата ,,Денот започнува со Ѓорѓи Љубенов”. Темата беше – Нова страница Скопје – Софија – кога? Врабевски зборуваше и за ,,Југословенски модел”, како што кажа најгадниот модел на светот.

На почеток