Актуелно

Швајцарски гигант отвора фабрика во Украина

„Нестле“ ќе отвори нова фабрика во Украина со што ќе вработи 1.500 луѓе.

Швајцарскиот прехранбен концерн „Нестле“ најави вложување од 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производен погон во западна Украина.

Како што објави Ројтерс, „Нестле“ е една од ретките меѓународни компании кои најавија нови вложувања во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари годинава.

„Ова е важен потег на „Нестле“, преземен во многу предизвикувачко време за Украина“, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за пазарот на југоисточна Европа, Алесандро Занели.

Со овој гест сакаат да им помогнат на Украинците. „Нестле“ веќе има околу 5.800 вработени во Украина. Новата фабрика ќе се посвети на производство на студени сосови, зачини, супи и инстант храна, со кои би се снабдувал домашниот и европскиот пазар.

На почеток