Свет

Столтенберг: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово.

Тој додаде дека КФОР има клучна улога во стабилизирањето на ситуацијата, пренесува Лајми.

„НАТО е многу фокусиран на Косово, на Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се запрат две етнички војни. Прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и на Косово. Се разбира, ние сè уште сме присутни таму, силите на КФОР се повеќе од 4.000 војници и играат клучна улога во стабилизирањето на ситуацијата. Нашите сили се способни и подготвени. Тие ја следат ситуацијата многу внимателно“, рече тој.

Како што додаде, НАТО и ЕУ тесно соработуваат. Столтенберг повика на намалување на тензиите.

„Мојата порака до двете страни е да се воздржат од понатамошна ескалација и провокативна реторика. Ги повикувам да ги намалат тензиите во Косово“, рече Столтенберг.

На почеток