Актуелно

Косовски медиуми: Денеска ќе се потпише барањето за членство на Косово во ЕУ

Во Приштина денеска ќе се одржи церемонијата на потпишување на апликацијата за членство на т.н на Косово во Европската унија (ЕУ), објави порталот КоССев.

Повикувајќи се на приштинските медиуми, порталот пишува дека косовското претседателство соопштило дека церемонијата ќе се одржи во 11:00 часот.

Оттаму додаваат дека „апликацијата ќе ја потпишат претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на косовскиот парламент Гљаук Коњуфца“.

По средбата е предвидена прес-конференција. Косовскиот премиер Албин Курти во вторник потврди дека барањето за членство на Косово во ЕУ ќе биде поднесено во текот на оваа недела.

На почеток