„Од денешната седница имаме и лоши вести“, ЗХГ објави детали за седницата на Град Скопје


„Од денешната седница имаме и лоши вести!“, велат од Зелен хуман град и додаваат:
Нашиот втор предлог за дополнување на дневниот ред на истата седница – заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром, Советот одби воопшто да го постави на дневен ред!
Ова беше поднесено заедно со локалните жители поради градење на булевар до основно училиште, уништување на зеленило и креирање на небезбедна околина за децата и жителите на домот за стари лица на таа улица. Еве што се случи:
На граѓаните од Аеродром не им беше дозволено да присуствуваат на седницата, седница што е јавна и на која треба секој според Деловник да добие дозвола за присуство од претседателот на Советот.
Заклучокот на ЗХГ не беше прифатен на дневниот ред од службите и беше ставен на гласање од советниците дали ќе стане дел од дневниот ред.
ЗА предлогот да влезе на дневен ред гласаа само 9 советници, што не беше доволно, а граѓаните од Аеродром беа повторно изневерени.
Сето ова се случи иако предлог-заклучокот го доставивме до сите советници со образложение од 5 страници во кое беа цитирани научни студии и анализи, официјални извештаи и статистики од државни и меѓународни институции и на изработката на оваа издржана анализа работеше мешовит експертски тим од ЗХГ кој се состоеше од стручни лица за урбанизам, сообраќај, хумана медицина, животна средина и правни работи.
Ова се деветте од 45 советници кои гласаа ЗА заклучокот да влезе како точка на дневен ред:
– Драгана Велковска (ЗХГ)
– Горјан Јовановски (ЗХГ)
– Страшо Ангеловски (ВМРО и коал.)
– Василка Китановиќ (ВМРО и коал.)
– Филип Јаневски (ВМРО и коал.)
– Теодора Крстевска (ДОМ)
– Никола Пановски (ЛДП)
– Амар Мециновиќ (Левица)
– Александар Николовски (Левица)
Ова се советниците кои воопшто имаа желба да се отвори дискусија по оваа точка за да се спречат штетни последици по јавниот интерес.
Ние нема да се откажеме од борба, но овој случај е очебиен пример колку е неопходно мнозинство од независни членови на локалните совети кои НЕ гласаат според директиви од центри на моќ.
