Актуелно

(ВИДЕО) Нападната руска база

Руската воздушна база во Курск беше нападната синоќа, изјави Антон Герашченко, висок советник на Владимир Зеленски.

Герашченко повикувајќи се на руските медиуми изјави дека „во Курск во близина на аеродромот се случиле две експлозии“. „Непознат дрон погоди воен објект во Курск“, додаде тој подоцна.

Објавено е видео кое наводно прикажува серија експлозии кои го потресоа градот во западна Русија околу 22 часот по локално време.

Ова е видео на кое наводно се гледа експлозија на рускиот аеродром во Курск. Курск се наоѓа во близина на границата, северно од Белгород и североисточно од украинскиот Суми.

На почеток